Connect with us

Фудбал

Рома го доведе првото засилување

Тимот од Рим денес го потврди првото засилување за новата сезона.

Шпанецот, Иван Маркано кој потпиша тригодишен договор со римскиот тим стана новиот играч на Волчицата.

Маркано изрази големо задоволство за неговото доаѓање во Рим.

“Среќен сум што ќе играм овде. Рома е голем тим и верувам дека ќе се вклопам добро во тимската филозофија”, рече Маркано.

Во последните четири години, овој 30-годишниот одбранбен играч играл за Порто во кој играше на 157 натпревари, а во текот на неговата кариера тој има играно за Расинг Сантандер, Виљареал, Хетафе, Олимпијакос и Рубин Казан.