Connect with us

Фудбал

Рома има стручњак за трансфери: Мончи пред конечен договор со Пасторе

Фудбалерите на Рома би можеле од наредната сезона да бидат засилени од Хавиер Пасторе, кој челниците на ПСЖ лесно би можеле да го продадат.

На парижаните му „гори под нозе“ поради финансискиот фер-плеј, и тие до 30 јуни  мора да заработи одредена сума, а тоа би можеле да го направат со продажбата на Пасторе, кој има доста добро искуство во Серија А.

Поранешниот играч на Парма има договор со ПСЖ до следното лето, но судејќи по оваа ситуација набрзо може да го напушти Париз.

Италијанските медиуми известуваат дека спортскиот директор на Рома, Мончи, ќе се обиде да го донесе во редовите на Рома за 25 милиони евра, а Пастопре на „Олимпико“ по сезона ќе заработува помеѓу четири и пет милиони евра.

Рома веќе го купи Анте Чориќ, Брајан Кристанте, Иван Маркано и Џастин Клајверт, а доаѓањето на Пасторе би било меѓу најголемите засилувања за римскиот клуб во овој преоден рок.