Фудбал
Рома ја најде замената за Џеко во Реал?
Најдобриот фудбалер на Босна и Херцеговина, Един Џеко, скоро сигурно ќе ги напушти редовите на Рома на лето.
Судирот меѓу Џеко и Фонсека, иако поради поголеми интереси, моментално е „замрзнат“, остави последици, а неговото останувањето во римскиот клуб на крајот од сезоната изгледа како невозможна мисија.
За тоа се свесни и во Рома, па според италијанските медиуми, тие веќе бараат замена за Џеко, а наводно најголемата желба на спортскиот дел од Рома е српскиот напаѓач на Реал Мадрид кој привремено е на позајмица во Ајнтрахт, Лука Јовиќ.
Рома е подготвена да разговара со Реал за откуп на договорот на Јовиќ, но не само тоа, односно римскиот клуб ќе се обиде да го купи Борха Мајорал на лето со цел да заштеди пет милиони евра, со оглед на тоа што неговата набавка би чинела 15 милиони евра на лето, а по истекот на двегодишни заеми пет милиони повеќе.
Како можни наследници на босанскиот напаѓач во Рома, освен Јовиќ, се споменуваат и Андреа Белоти од Торино и Душан Влаховиќ од Фиорентина, па затоа ќе биде интересно да се следат настаните во летниот преоден рок.