Connect with us

Фудбал

Рома убедлива на гостувањето кај Беневенто

Екипата на Рома ја оправда улогата на фаворит во дуелот против дебитантот во Серија А, тимот на Беневенто, совкадувајќи го со 4:0.

Во натпреварот од 5. коло на италијанското првенство, Рома до победата стигна благодарение на двата гола на босанскиот репрезентативец Един Џеко (20 и 52. минута), како и двата авто-гола на домашните фудбалери Лучиони и Венути (35 и 74).

Сега Рома има девет бода од четири натпревари, а Беневенто остана закован за дното на табелата без ниту еден освоен бод и гол-разлика од еден постигнат и дури 14 примени голови.

Вечерва се играат преостанатите осум меча, од кои најинтересни се дуелите меѓу шампионот Јувентус и Фиорентина, како и средбата во Рим каде Лацио го пречекува Наполи.