Connect with us

Други спортови

Романецот Висан нов претседател на БВА

Претседателот на Романската одбојкарска федерација, Георге Висан, е избран за прв човек на Балканската одбојкарска федерација (БВА) Висан ја доби довербата на делегатите на  редовното годишно собрание што викеднот се одржа во Будва, Црна Гора.

  • Изгласана е и Годишната програма која содржи вкупно десет настани. Албанија ќе биде домаќин на Балканското првенство во машка конкуренција за играчи до 20 години, коешто важи за најатрактивно натпреварување, Србија ќе го организира собирот за одбојкари до 18 години, додека, пак, во Бугарија ќе се натпреваруваат играчите до 17-годишна возраст., објавено е на сајтот на Одбојкарска федерација на Македонија.

Кога станува збор за одбојката во сала, во женска конкуренција исто така ќе има три манифестации. Одбојкарките до 19 години ќе се надмудруваат за балканската титула во Турција, репрезентациите до 17 години ќе се соберат во Босна и Херцеговина, а националните тимови за одбојкарки до 16 години ќе играат во Србија.

БВА го одреди домаќинот и на Балканските првенства во одбојка на песок. Косово ќе биде домаќин на првенствата за играчи до 22 и за играчи до 20 години, додека Србија организатор на таканаречените „фестивали за деца“ (Balkan kids festival – boys/girls).