Connect with us

Фудбал

Романците исфрлени од стадионот, бидејќи скандираа „Косово е Србија“ (ФОТО)

Бурно беше на натпреварот меѓу репрезентациите на Косово и Романија во рамките на групата И во квалификациите за ЕП 2024 година. Натпреварот заврши со резултат 0:0, а на трибините се водеше вистинска мала војна. Навивачите на Романија скандираа „Косово е Србија“, поради што беа исфрлени од стадионот.

На другата страна, пред почетокот на натпреварот, домашните навивачи ја исвиркаа химната на Романија, која е една од земјите кои не го признаа Косово како независна држава. Романците пред почетокот на квалификациите дури порачаа дека не треба да играат против Косово, бидејќи тоа не е суверена земја. По три кола во групата И, Романија има седум бода и е на второто место зад водечката Швајцарија, додека Косово е четврто со три бода од исто толку натпревари.