Connect with us

Тајмаут

Ромеро го откри прекарот на Меси: И тоа навистина не го лути?

Искусниот аргентински голман Серхио Ромеро откри дека Лионел Меси има интересен прекар во соблекувалната на аргентинската репрезентација.

Ромеро нема да игра на Светското првенство поради повреда, но верува дека аргентинските играчи предводени од Меси можат да направат многу.

Голманот на Манчестер Јунајтед изјави дека Меси не се лути поради прекерот кој го има во соблекувалната на аргентинската репрезентација.

“Поради неговата висина Меси го нарекуваат џуџе, но тоа не му смета, сепак тој е професионалец и не се лути дека така го викаме”, изјави Ромеро.

Аргентина на Светското првенство во Русија во групата ќе игра со Нигерија, Хрватска и Исланд, додека Меси има тежок товар, бидејќи од него како најдобар во светот се очекува многу, а Аргентина во последните години со него не направи ништо значајно.