Connect with us

Фудбал

Роналд Куман суспендиран на два натпревари

Тренерот на Барселона, Роналд Куман е суспендиран на следните два натпревари откако доби црвен картон на натпреварот против Гранада.

Управата на Ла Лига донесе одлука да го казни холандскиот стручњак со забрана за два натпревари за водење на тимот и тој нема да биде покрај теренот на натпреварите со Валенсија и Атлетико Мадрид.

По натпреварот против Гранада, кој Барселона загуби со 2:1 на „Камп Ноу“, Куман зборуваше за црвен картон и не му беше јасно зошто го доби.

Холанѓанецот смета дека судијата сакал да биде во центарот на вниманието и дека завршил на трибините без причина.

„Ми се чини дека четвртиот судија вечерва сакаше да биде во центарот на вниманието. Не разбирам зошто, не реков ништо лошо, не го навредив судијата на кој било начин. Разговарав со четвртиот судија а потоа тој рече нешто со што покажа дека не ме почитува. Јас реков едно, а тој покажа непочитување кон мене со неговиот одговор и јас возвратив. Сепак, повторувам, не го навредив на кој било начин“.

После натпреварот се појави извештајот на судијата од натпреварот, а Куман беше исклучен поради зборот „каков лик“, што му го упати на четвртиот судија. Поради тоа, тој на крајот беше казнет и Холанѓанецот нема да биде до теренот на важните натпревари со Валенсија и Атлетико.

До крајот на сезоната, Барселона ќе води голема битка со Атлетико, Реал и Севиља за титулата. Каталонците во моментов се на третото место во Ла Лига со 71 бод, исто колку и Реал Мадрид. Севилја има еден бод помалку, а водечкиот Атлетико собра 73 бода.

Судирот со Атлетико на крајот може да одлучи и за шпанскиот шампион, но до крајот на сезоната Каталонците мора да бидат навистина совршени ако мислат дека ќе му донесат уште еден трофеј на клубот по Копа дел Реј.