Фудбал
Роналдињо се враќа на теренот во Лигата на кралевите (ВИДЕО)
Еден од најдобрите бразилски фудбалери на сите времиња, Роналдињо Гаучо се враќа на терените.
Претходните години, 42-годишната бразилска ѕвезда ги полнеше насловните во весниците со неморално однесување надвор од теренот, поради што беше уапсен. Сега освојувачот на Златната топка од 2005 година ќе игра на турнирот организиран од Жерар Пике.
🤙🏾 Bienvenido a la Kings League InfoJobs, @10Ronaldinho. pic.twitter.com/ifKIFot1x4
— Kings League InfoJobs (@KingsLeague) February 23, 2023
Тоа е Лигата на кралевите, натпреварување создадено од Пике, а Роналдињо ќе игра за Порсињос.
– Сакам само да се опуштам и да се забавувам, изјави Роналдињо.
Роналдињо се пензионираше во 2018 година. Во Европа најголема трага остави во Барселона, Пари Сен Жермен и Милан каде ја заврши европската кариера. Потоа играше во Мексико, а кариерата ја заврши во бразилски Флуминенсе.