Connect with us

Фудбал

Роналдо дебитираше на официјален меч со капитенска лента, не постигна гол, ама го седна дефанзивецот со дриблингот (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо го идигра првиот официјален меч за Ал Наср. Тие славеа на домашен терен со 1:0 против Ал Eтифах, а стрелец на единствениот гол беше Талиска. Иако не постигна гол, сепак со неговите потези предизвикуваше овации од трибините. Во еден момент со дриблин успеа да го седне дефанзивецот на противничкиот тим. Вреди да се напомене дека Роналдо уште на првиот меч ја доби капитенската лента. Ал Наср е лидер со 38 бодови, еден повеќе од Ал Хилал и два од Ал Итихат, а овие три екипи се конкуренти за највисок пласман.