Connect with us

Фудбал

Роналдо го спаси Јувентус од пораз на дербито со Рома

Рим, 27 септември 2020 (МИА) – Кристијано Роналдо постигна три гола на два натпревара за Јувентус под водство на Пирло.

Португалецот вечерва на дербито со Рома два пати се запиша во листата на стрелците и го спаси шампионот од пораз.

Рома водеше со 1:0 и 2:1, имаше и играч повеќе од 62.минута, но на крајот мораше да се задоволи само со бод.

Јувентус има четири, Рома еден бод по првите две кола во Серија А. зс/