Connect with us

Фудбал

Роналдо и во новиот клуб губи, се чини дека ја изгуби првата шанса за трофеј во Саудиска Арабија (ВИДЕО)

Тимот на Кристијано Роналдо Ал Наср на полувремето губи со 2:0 од Ал Итихат во полуфиналето во Суперкупот на Саудиска Арабија. Ромарињо и Хамдалах беа стрелци за Ал Итихат. Со оглед дека се игра еден меч, се чини дека Роналдо ќе ја изгуби првата шанса за трофеј во Саудиска Арабија. Но, да почекаме да заврши мечот.

На првиот меч Ал Феиха со 1:0 славеше против Ал Хилал и со тоа стана првиот финалист во Суперкупот.