Connect with us

Фудбал

Роналдо имал тајна клаузула, би можел да игра во Лига на шампиони следната сезона?!

Минатата недела Кристијано Роналдо го потпиша најголемиот договор во историјата на спортот и се обврза во саудискиот клуб Ал Наср до 2025 година, но тоа не значи дека ќе остане член на клубот до крајот. Роналдо во договорот има посебна клаузула која му дозволува да си замине од Ал Наср, но само доколку се исполни услов.

Во прашање се резултатите на Њукасл Јунајтед, клуб кој практично е во сопственост на Саудиска Арабија, па доколку „страчките“ се пласираат во Лигата на шампионите, тогаш на сила би стапила оваа клаузула.

Кристијано Роналдо би имал опција да замине на позајмица во Њукасл Јунајтед и на тој начин (најверојатно) последен пат да игра во Лигата на шампионите, но одлуката е на него. Доколку одлучи дека повеќе би сакал да остане во Ал Наср и да продолжи да игра во првенството на Саудиска Арабија и Лигата на шампионите во Азија, клубот исто така не би му претставувал проблем.

Сето ова ни кажува дека Роналдо потпишал за Ал Наср и добивал 200 милиони евра годишно поради други, не чисто фудбалски причини, бидејќи поважно е да биде лицето на кандидатурата за СП и Олимписките игри, а не колку голови ќе постигне во овој клуб. Ал Наср планира да донесе играчи кои имаат добар имиџ во светот за да промовираат поголеми проекти, па веќе стапиле во контакт со Лука Модриќ, додека нивниот тренер секако не се шегува со случајно спомнување на Лионел Меси.