Фудбал
Роналдо избега од Италија поради коронавирусот, денешниот тренинг помина без него – еве каде е и што прави
Кристијано Роналдо во моментов не е дел од тимот на Јувентус.
Португалскиот фудбалер ги искористи своите денови за да замине во Португалија за да ја посети својата мајка во Мадеира, а требаше да се врати во тимот денес.
Сепак, најверојатно поради ситуацијата со Коронавирусот, Кристијано Роналдо не се врати во Италија и се уште е во Португалија.
Фудбалерите на Јувентус тренираат пред натпреварот во Лигата на шампионите закажан за следната недела, но големото прашање е дали ќе играат.
Кристијано Роналдо ќе почека момент да се врати во Италија, која пак од ден на ден се повеќе е заразена со коронавирусот.