Connect with us

Фудбал

Роналдо ќе биде во голема загуба ако Нејмар дојде во Реал Мадрид

Во последно време, се повеќе се шпекулира дека Нејмар може да ја продолжи својата кариера во Реал Мадрид.

Шпанските медиуми со месеци велат дека Нејмар има желба да замине во Реал Мадрид, но тоа нема да се случи додека Кристијано Роналдо игра во овој клуб. Нејмар гледа од финансиска гледна точка пореално и сигурно сака да биде првата клубска ѕвезда.

Сепак, на Роналдо нема да му одговара да игра во истиот тим со Нејмар, бидејќи и двајцата имаат договор со Најк. Тоа би значело дека американската компанија ќе мора повеќе да се сврти кон еден од нив, а наводно, Роналдо веќе е свесен дека тоа ќе биде Нејмар.

Во овој случај, Португалецот ќе изгуби многу, во однос на заработувачката од договорот за спонзорство и сигурно никогаш нема да се согласи да биде на ист постер со Нејмар. Затоа, повеќе од јасно е дека Роналдо може да ги напушти кралевите ако Флорентино Перез најде начин да го донесе Нејмар.