Connect with us

Фудбал

„Роналдо лично ми се јави и ме замоли да одам со него во Јувентус“

Хрватскиот играч за врска Иван Ракитиќ открива дека можел да замине во Јувентус со Кристијано Роналдо.

Ракитиќ се врати во Севиља од Барселона, но поранешниот хрватски репрезентативец признава дека Роналдо го поканил да оди со него во Јувентус, кога го напушти Реал Мадрид летото 2019 година.

„Роналдо ми се јави лично тоа лето и сакаше да одам со него во Јувентус. Ми рече дека клубот ме сака, но операцијата не беше завршена затоа што Барселона побара 50 милиони евра. Беше прескапо“, изјави Ракитиќ.

Една година подоцна, Ракитиќ се врати во Севиља за само 1,5 милиони евра.

Тој во една прилика призна дека Роналдо е еден од најдобрите досега.

„Задоволство е да се гледа Роналдо како игра и мислам дека тој нема рамен”, рече тогаш Ракитиќ.

Во својата клупска кариера, Ракитиќ ги претставуваше ФК Базел, Шалке 04, Севилја и Барселона.

Тој во моментов има 33 години, но порано се збогуваше со дресот на хрватската репрезентација, кој го носеше 106 пати и постигна 15 погодоци.