Connect with us

Фудбал

„Роналдо може да игра за Милвол, КПР или Донкастер Роверс и да даде хет-трик, а Меси…“

Дали е подобар Лионел Меси или Кристијано Роналдо, сигурно ќе се зборува со години.

Меси и Роналдо играат на неверојатно ниво повеќе од десет години и одбележаа фудбалска ера која вечно ќе се памети.

И двајцата освоија речиси се што можеа во кариерата, а во клубовите во кои настапуваа оставија неизбришлива трага. Иако се на залезот на кариерата, сепак ја воодушевуваат јавноста со своите игри и покажуваат какви мајстори се.

Но, јасно е и дека кога ќе одлучат дека е време за пензија, ќе продолжи дебатата кој е подобар од нив двајца.

Легендарниот стручњак Сер Алекс Фергусон, кој го откри Кристијано Роналдо и пред 19 години успеа да го донесе во Манчестер Јунајтед, беше пресвртница во неговиот живот.

Фергусон секако е еден од најзаслужните што Роналдо израсна во таков играч и јасно е дека за него секогаш ќе биде подобар од Меси, па тоа се обиде да го пренесе на интересен начин.

„Роналдо може да игра за Милвол, КПР или Донкастер Роверс и да постигне хет-трик на натпревар. Не сум сигурен дека Меси би можел да го направи тоа. Мислам дека Меси е играч само на Барселона“, рече Фергусон.

Дека не е далеку од својата изјава видовме сезонава кога Меси се пресели од Барселона во ПСЖ, каде што не му оди толку добро како во каталонскиот клуб. Роналдо се врати во Јунајтед и продолжи да ги терсе противничките мрежи.