Фудбал
Роналдо не знае да губи: Може да биде среќен што доби само жолт картон за неспортски потег (ВИДЕО)
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед имат негатив од 4:0 против Ливерпул по првото полувреме на домашен терен.
„Црвените“ одиграа фантастично во првото полувреме и имаат водство од 4:0 кое сигурно никој од навивачите на Јунајтед не можеше да го очекува.
Ливерпул поведе уште во петтата минута кога Кеита постигна гол по асистенција на Салах. Веќе во 13. минута беше 0:2, а овој пат мрежата на „црвените ѓаволи“ ја затресе Жота.
Гостите до третиот гол стигнаа во 38. минута кога во центарот на вниманието денеска беше одличниот Мохамед Салах кој погоди за 3:0. Во петтата минута од продолжението Салах го надмудри Де Хеа за 4:0 и нереален срам за Јунајтед.
Во самиот финиш на првиот дел, Кристијано Роналдо беше во центарот на вниманието поради неспортски потег.
Роналдо го фаулираше Џонс по што тој почна да ја удира топката иако судијата досуди прекршок. Јасно е дека и овој резултат го исфрли Роналдо од такт и добро се снајде бидејќи судијата само му додели жолт картон.
Énorme craquage de Ronaldo… Qui ne prend qu’un jaune ? #MUNLIV pic.twitter.com/HR9pTWFo4N
— Foot stream ? (@strmfoot) October 24, 2021