Фудбал
Роналдо објави фотографија и напиша: Денот за одлука!
Газета дело Спорт вчера објави дека Кристијано Роналдо одлучил да остане во Јувентус и следната сезона. Сепак, самиот фудбалер, ниту пак челниците на клубот се уште не се огласија официјално.
Ден потоа, Роналдо на социјалните мрежи објави фотографија со луксузниот автомобил Ролс Ројс и напиша „Ден, за долука“. Што сакаше да каже со ова се уште не е јасно, дали станува збор за автомобилот, дали за останувањето или заминувањето од Јувентус веројатно ќе се открие наскоро.