Connect with us

Фудбал

Роналдо објави видео, прво откако „лапна“ најскап договор во историјата, но цените за неговата промоција се изненадување (ВИДЕО)

На 30-ти декември Роналдо потпиша договор со Ал Наср од Саудиска Арабија до 2025-та, а според пресметките годишно ќе заработува неверојатни 200 милионие евра.

Португалецот официјално ќе биде претставен во вторник на стадионот „Мрсол Парк“ во Ријад, а се очекуваат околу 30.000 навивачи.

Кристијано е на пат за Ријад, а цената на билетите за овој настан е „само“ околу четири долари.

Своето деби за новиот клуб Роналдо би требало да го има на 5 јануари на мечот против Ал Тае.

Ал Наср моментално е на првото место на табелата со 26 бодови.