Connect with us

Фудбал

Роналдо од денеска е новиот сопственик на Ваљадолид

Новиот шпански прволигаш Ваљадолид од денеска е во мнозинска сопственост на легендарниот бразилски фудбалер Роналдо.

Легендарниот напаѓач на бразилската фудбалска репрезентација и Реал Мадрид, Роналдо го купи шпанскиот клуб Ваљадолид, а денеска стана сопственика на 51 процент од акциите на новиот член на Ла лЛига.

„Поминав низ многу фудбалски фази во животот. Фудбалот е мојата страст. Се одлучив на овој потег за да го задржам тоа. Имаме одлични можности да ги исполниме нашите цели , но нас не ни е целта само да останеме во лигата, туку да растеме од ден во ден“, порача Роналдо.

Бразилецот кажа дека ќе биде фиде формиран најдобар можен тим на чело на клубот и се ќе биде транспарентно, со желба за што подобри резултати.

„Сакам сите да учествуваат во формирањето на овој тим. Ги повикувам и навивачите да учествуваат во овој проект. Дадете ни идеи, мислења, критики и надеж. Сакам да бидете дел од сегашноста и иднината на Ваљадолид“ тврди Роналдо.

Нема официјални информации, но според она што се пишува во шпанските медиуми, некогашната ѕвезда на Реал Мадрид за купувањето на Ваљадолид ќе плати околу 30 милиони евра.