Connect with us

Фудбал

Роналдо остана без бонус поради лошите игри на Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед и оваа сезона нема да може да го освои трофејот.

Тешко ќе му биде на Кристијано Роналдо, кој останува без договорените бонуси.

Роналдо прво се согласи на намалување на платата во Јунајтед, а договори бонус од 2,5 милиони фунти доколку Манчестер игра во финалето на Лигата на шампионите и дополнителни 1,5 милиони доколку овој клуб ја освои титулата во Премиер лигата.

Секако, тоа нема да се случи, а Роналдо оваа сезона одигра 33 натпревари и постигна 18 голови.

Неодамна шпански „АС“ објави дека Роналдо одлучил да остане во Јунајтед и следната сезона.

Кристијано е уверен дека со доаѓањето на нов менаџер неговата игра во новата сезона ќе биде на уште повисоко ниво и дека клубот ќе може да влезе во конкуренција за освојување на титулата во Премиер лигата која Јунајтед ја чека од 2013 година.

Ралф Рангник пристигна на Олд Трафорд во ноември. Тој го замени Оле Гунар Солскјаер, но се согласи на крајот да се повлече од менаџерската функција и да стане клупски советник.

Неговото место треба да го заземе менаџерот на Ајакс, Ерик Тен Хаг, кој според англиските медиуми е главен кандидат за клупата на „црвените ѓаволи“ од следната сезона.

Ќе видиме дали тоа навистина ќе се случи и како Кристијано Роналдо ќе се вклопи во неговиот систем на игра.