Connect with us

Фудбал

Роналдо по тажната ноќ во Лисабон изјави: „Нема изговор, ова нема да не сруши“

Репрезентацијата на Португалија ќе мора преку баражот да го бара патот до Мундијалот.

Португалија синоќа во Лисабон претрпе пораз од репрезентацијата на Србија која славеше со 2:1 и директно се пласираше на Светското првенство кое следната година ќе се игра во Катар.

Португалскиот тим имаше доволно бодови од овој натпревар за на крајот да биде прв, но претрпе шокантен пораз пред своите навивачи, поради што ќе ги гледаме во плеј-офот во март.

Извесно е дека Португалците се надеваа дека ќе го избегнат баражот и веќе полека се подготвуваат за Мундијалот, но тоа нема да се случи.

Поразот од Србија најмногу го погоди Кристијано Роналдо, кој не можеше да ги сокрие фрустрациите по натпреварот. Но, тој утрово се огласи со јасна порака.

„Фудбалот уште еднаш ни покажа дека потешкиот пат понекогаш нè води до најпосакуваните исходи. Вчерашниот резултат ни беше тежок, но не доволен за да не сруши. Целта за пласман на Светското првенство се уште е жива и знаеме што треба да направиме за да го постигнеме тоа. Нема оправдувања. Португалија оди во Катар“, рече Роналдо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

Реклама

Facebook

Реклама