Фудбал
Роналдо: Реал не ме цени кога ме пушта за 100 милиони
Кристијано Роналдо, најдобриот фудбалер во светот, изјави дека не е доволно ценет во Реал Мадрид, штом се проценува на 100 милиони евра.
Португалецот смета дека цената која Реал ја бара од Јувентус, покажува дека шампионот на Европа повеќе не сака да биде во тимот.
“Ако јас вредам 100 милиони евра, тоа е затоа што повеќе не ме сакаат”, рече Роналдо, а пренесува Марка.
Застапниците на Роналдо синоќа оствариа средба со првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез и беше одлучено дека најдобар стрелец во историјата на кралскиот клуб, заминува од Мадрид по точно една деценија.
Роналд чека за договор на четири години со Јувентус во вкупна вредност од 120 милиони евра, а Реал ќе добие точно 100 милиони евра за обесштетување.
Конфликтот меѓу Роналдо – Перез настана поради тоа што Португалецот мисли дека не е доволно ценет, бидејки не доби подобри финансиски услови по трет последователен трофеј во Лигата на шампионите.