Connect with us

Фудбал

Роналдо: Се колнам, ќе го направам невозможното за да освојам ЛШ со Јувентус

Како шок одекна трансферот на Кристијано Роналдо од Реал Мадрид во Јувентус. Италијанскиот шампион со ангажманот на Португалецот покажа дека е решен да се искачи на европскиот врв.

Јувентус во изминатиот период седум пати по ред ја освои Серија А, четири пати купот на Италија, и загуби две финалиња во Лигата на шампионите. Па јасно е зошто е донесен Кристијано Роналдо.

„Се колнам ќе го направам и невозможното за да ја освојам Лигата на шампионите со Јувентус“, изјави Роналдо во Дубаи каде ќе ја добие награда на „Глоб сокер авордс“.

Тој денеска со видео на инстаграм ја покажа својата неверојатна посветеност на фудбалот откако трчаше навечер и низ пустината во Дубаи.

24FUDBAL.MK