Connect with us

Фудбал

Роналдо со нова објава ја збесна Србија, дали тоа може да послужи како дополнителен мотив?

Некој како Кристијано Роналдо не прифаќа порази и однапред смета на успех.

Португалците се уште немаат обезбедено пласман на Мундијалот, а за директно да одат во Катар во 2022 година, мора прво да ја победат Србија или барем да ремизираат во Лисабон во недела од 20:45 часот.

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед верува дека тој и неговите соиграчи утре ќе слават и на Мундијалот ќе одат без бараж. Барем така делува неговата објава на Инстаграм.

„Сакаме уште еднаш да ги израдуваме земјата и Португалците и да одиме на Светското првенство. Со силите на сите Португалци ќе стигнеме таму! Сметаме на вашата поддршка. Да се ​​сретнеме со Катар“, напиша Роналдо.

Во Србија пораката на Роналдо веднаш ја протолкуваа како препотентна, а веруваат дека зборовите на Португалецот ќе бидат само дополнителен мотив за „орлите“ на утрешниот натпревар.

Португалија можеше практично да обезбеди пат на Светското првенство пред неколку дена во Даблин, но Роналдо и друштвото тогаш одиграа само 0:0 со Република Ирска.

Српскиот селектор Драган Стојковиќ Пикси вечерва на прес-конференција соопшти дека неговиот тим утре ќе игра напаѓачки.

Тој најави и дека може да има изненадувања во тимот, но секако не сакаше директно да каже какви изненадувања му подготвува на Португалија.