Connect with us

Фудбал

Роналдо со ултиматум, Пирло пред отказ, никогаш полоша сезона за Јувентус

Според информациите од Италија, раководството на Јувентус донело одлука. Андреа Пирло нема да го дочека крајот на сезоната, доколку на гостувањето кај Удинезе, тим кој се бори за опстанок, не победи.

„Бјанконерите“ се во лоша форма и моментално се на 4-то место на табелата со ист број на бодови како Наполи и Милан, па ги очекува грчевита борба за пласман во Топ 4.

Ова секако е дополнителен проблем и притисок, ако се знае дека оретходно во текот на денот дел од италијанските медиуми објавија дека Кристијано Роналдо ќе замине доколку Јувентус не обезбеди пласман во ЛШ.

Ова секако може да се окарактеризира како една од најлошите сезони со оглед на тоа дека Јувентус е далеку од трката за титулата, прв пат по 9 сезони, а исто така може да го загуби и пласманот во ЛШ, бидејќи сега е на петото место.