Фудбал
Роналдо вклучи две омилени јадења во клупското мени, но поради еден соиграч не се многу воодушевени
Кристијано Роналдо ова лето одлучи да се врати во Манчестер Јунајтед, што ги воодушеви навивачите од Олд Трафорд.
Роналдо ги изненади сите со својата одлука на самиот крај на летниот преоден рок да го напушти Јувентус бидејќи се очекуваше да остане во клубот од Торино до крајот на оваа сезона.
Сепак, Роналдо побара трансфер и на крајот донесе одлука да се врати во Манчестер Јунајтед по 12 години, што ги воодушеви навивачите на овој клуб.
Роналдо покажа дека ќе биде големо засилување на самиот старт на сезоната бидејќи веќе постигна четири гола за Манчестер Јунајтед. Тој постигна три гола во Премиер лигата и еден во Лигата на шампионите.
Иако веќе има 36 години, Роналдо се уште е во неверојатна физичка форма, што го покажува од натпревар во натпревар. Се разбира, тој многу се грижи за исхраната и тренинзите и затоа го доведе своето тело речиси до совршенство.
Доаѓањето на Роналдо сигурно ќе промени некои работи во соблекувалната, а англиските медиуми пренесуваат дека Португалецот веќе „остави трага“ што се однесува до клупската кантина.
Имено, Роналдо побара некои од неговите омилени јадења да бидат вклучени во менито во клупската кантина, што клубот веднаш го одобри.
На менито сега е неговото омилено јадење „Балкаху“, кое се состои од лук, компири и пржени јајца и тоа е јадење што најмногу го потсетува Роналдо на неговата родна Португалија.
Но, „Сан“ објави дека во менито има и јадење кое главно се состои од октопод и што на Роналдо навистина му се допаѓа. Но, тоа јадење не ги воодушеви другите соиграчи кои најчесто го избегнуваат.
Роналдо со години имаше строга диета која никогаш не ја прекинува, а тоа очигледно му носи многу бидејќи со години е во фантастична физичка форма, а повредите ги сведе на минимум.