Connect with us

Фудбал

Роналдо: Заминувам од Реал, Перез не сакаше да ми даде повисока плата

Во овој момент, одлуката е неизбежна и неповратна: Роналдо ќе го напушти Реал. Аукцијата е отворена. Оние кои го сакаат најдобриот во светот имаат зелено светло, пишува португалскиот весник „Рекорд“.

Еден од најдобрите фудбалери на светот, Кристијано Роналдо, донесе “неповратна” одлука да го напушти Реал Мадрид, пишува португалскиот весник “Рекорд”. 

Причината за ваквата одлука е неисполнетото ветување на претседателот на клубот, Флорентино Перез, дека Роналдо ќе биде награден за успехот со зголемување на платата.

Претходно, шпанските медиуми објавиа дека Роналдо бара плата од 75 милиони евра за една година и шест-годишен договор, благодарение на која ќе ја заврши кариерата во Мадрид, на 40-години. Ова би значело дека би бил за 20 милиони подобро платен од моментално најдобро платениот фудбалер во светот, Лионел Меси кој во Барселона заработува 55 милиони.

Роналдо веднаш по освојувањето на Лигата на Шампионите, која ја освои третпат по ред, изјави “Беше убаво во Кралскиот клуб”, а со тоа предизвика интерес кај ПСЖ и Манчестер Јунајтед. 

“Рекорд” статија за Роналд завршува со реченицата: “Во овој момент, одлуката е неизбежна и неповратна: Роналдо ќе го напушти Реал. Аукцијата е отворена. Оние кои го сакаат најдобриот во светот имаат зелено светло….”