Connect with us

Други спортови

Роси го менува персоналот за да стане шампион: Јас сум сепак мотивиран

Валентино Роси не се повлекува од својата цел да го освои 10-то првенство во својата кариера. Во пресрет на трката на Тајланд овој викенд на патеката Бурирам, италијанскиот пилот потврди дека ќе има промени во неговиот персонал следната сезона.

Силвано Галбузера нема да биде надлежен за тимот а Шпанецот, Давид Муноз ќе биде главен тренер. „Ова е нешто позитивно што ќе ми даде повеќе стимулации и мотивација. Тоа беше разделба постигната со сите, вклучувајќи ја и Јамаха“ , рече Роси.

Новиот главен инженер на Роси нема искуство во Мото ГП. „Минатата година беше прогласен за шампион во Мото 2 со Багнаја, тој е млад и има интересни идеи. Тоа ќе биде нова авантура за сите. Дејвид малку разговара, но успева добро да се справи со ситуациите. Ајде да видиме како ќе одат работите следната година“ , рече Роси.