Connect with us

Други спортови

Роси: Патеката во Мексико не е соодветна за Мото Ги-Пи шампионатот

Легендарниот италијански мотоциклист Валентино Роси по најавите дека патеката за Фолмула 1 може да биде вметната во календарот за Мото Ги-Пи шампионатот, реагираше дека таа не соодветна за трки со мотори и ќе биде премногу опасна за возачите.

За следната сезона во календарот за Мото Ги-Пи шампионатот се планираат повеќе трки, а патеката во Мексико е една од опциите.

– Очаен сум. Календарот ќе се зголеми на 20 трки, што значи дека ќе немаме живот. Освен тоа станува збор за лоша патека. Не ми се допаѓа, премногу е опасна, истакна Роси.

Според италијанскиот возач патеката тешко може да се адаптира за трки со мотори.

– Патеката може да се прилагоди за Мото Ги-Пи трките, но потребни се модификации на одредени делови, а тоа е тешко изводливо. Но, во моментов тоа не е добра идеја, наведе Роси.

Патеката во Мексико, која се користи за трки во Формула 1, се смета за помалку безбедна за мотори поради конфигурацијата и близината на ѕидовите.