Други спортови
Розберг ги избра петте најдобри возачи во историјата
Поранешниот шампион во Формула 1, Нико Розберг избра пет возачи што ги смета за најдобри во историјата.
Германскиот возач кој во болидот на Мерцедес беше најдобар во 2016 година ги избра петте најдобри возачи во историја во Формула 1.
„Најпрво го избирам Михаел Шумахер. Бев со него. Тој е комплетен. За мене, најдобриот на сите времиња“, рече Розберг за својот сонародник.
„Потоа следат Хуан-Мануел Фанџо, Ајрон Сена, Луис Хамилтон и Ален Прост“, додаде Розберг.
Интересно е што Розберг, кој оствари 23 победи во текот на својата кариера на 206 трки, не го наведе во својот список неговиот детски јунак Мики Хакинен.