Фудбал
Рудигер со големо достигнување со голот против Мајорка
Едно од новите засилувања на Реал Мадрид, Антонио Рудигер исклучително брзо се адаптираше во тимот на Карло Анчелоти и веќе стана миленик на навивачите.
Својот деби гол со „белиот“ го постигна во убедливата победа од 4:1 против Мајорка во петтото коло од Ла Лига.
Притоа, тој забележа големо достигнување, станувајќи само вториот Германец кој постигнал гол во четири од големите пет лиги – Премиер лигата, Бундеслигата, Серија А и Ла Лига. Ова пред него го направи Шкодран Мустафи.