Connect with us

Фудбал

Руи Патрицио потпиша пет годишен договор

Вулверхемптон Вондерерс го комплетира трансферот на португалскиот голман Руи Патриси од Спортинг Лисабон.

Иако има 30 години, Патрицио потпиша петгодишен договор со новиот англиски Премиер лигаш.

Минатата недела Патрицио во дуел против Шпанија го запиша 70. натпревар во дресот на репрезентацијата.

Претходните извештаи укажуваат дека Вулверхемптон не морал да плати никаков надомест поради спорот што Патрицио го имал со својот поранешен работодавач.

Се очекува дека тој ќе се „бори“ со Џон Руди за место меѓу стативите.