Connect with us

Фудбал

Руни се врати на Олд Трафорд со загрижувачки изглед, а потоa покажа дека се уште е мајстор (ВИДЕО)

Една од најголемите легенди на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни (38) се врати на својот Олд Трафорд и уште еднаш покажа за каков мајстор е, но навивачите се загрижени за неговиот изглед.

Рекордерот за славниот англиски клуб одигра вчера во хуманитарен натпревар. Легендите на Манчестер Јунајтед играа против легендите на Селтик, а Руни, кој моментално е тренер на второлигашот Плимут Аргајл, беше најпопуларна ѕвезда на оваа игра. Во првото полувреме Руни ги врати спомените од неговите денови кога постигнуваше одлични голови во дресот на Манчестер Јунајтед. Погоди директно од слободен удар и го чекираше Артур Боруц.