Connect with us

Фудбал

Руската полиција доаѓа на Островот за да ги запознае навивачите

Руски полицајци ќе го постат „Олд Трафорд“ и „Енфилд“ со цел да соберат што повеќе информации во врска со однесувањето на британските навивачи на стадионите, пред Светското првенство во Русија.

Тие ќе присуствуваат во Манчестер и Ливерпул на натпреварите од Лигата на шампионите меѓ Манчестер Јунајтед и ЦСКА Москва, односно Ливерпул – Спартак Москва, потврди британската амбасада во Москва.

Јунајтед и Ливерпул веќе ги одиграа првите дуели со истите тимови во Москва и немаше инциденти помеѓу навивачите, за разлика од минатата година на Европското првенство во Франција, кога се случи сериозен конфликт.

Исто така предвидени се и разговори на британските и руските делегации со организаторите на ФИФА Мундијал за можно дискриминаторско однесување на навивачите за време на шампионатот.

Британските официјални лица се убедени дека нивните навивачи ќе бидат топло дочекани во Русија за време на Мундијалот кој ќе се одржи од 14 јуни до 15 јули следната година.