Connect with us

Тајмаут

Рускиот претседател го опиша исфрлувањето на Русија и Белорусија како кулминација на цинизмот

Рускиот спорт претрпе многу санкции по инвазијата на Украина, како и белорускиот.

Меѓу другото, спортистите од овие две земји не смеат да настапат на Параолимписките игри во Пекинг.

Овој факт го коментираше и рускиот претседател Владимир Путин, кој протерувањето на Русија и Белорусија го нарече врв на цинизмот.

„Кулминација на цинизмот беше отстранувањето на руските и белоруските спортисти од Параолимпијадата во Пекинг. Не страдаа само невини спортисти, туку и параолимпијци – луѓе кои ги надминаа најтешките искушенија во животот, достојни за секоја можна поддршка и восхит, оние кои им даваат надеж на милиони со пример да веруваат во себе и во својата сила“, рече Путин.

Да потсетиме, Параолимписките игри во Пекинг се одржаа од 4 до 13 март.