Connect with us

Други спортови

Сајнц во Мекларен од 2019. година

Шпанскиот возач Карло Сајнц кариерата ја продолжува во Мекларен.

Откако Фернандо Алонсо објави дека наредната сезона нема да вози во Формула 1, Мекларен објави дека е постигнат договор со Сајнц.

Тој моментално настапува за Рено, но со англискиот тим договорил повеќе годишна соработка.

„Воодушевен сум што ќе бидам возач на Мекларен 2019. година. Тоа го барав веќе некое време и возбуден сум ќе направам ново поглавје во мојта кариера. Многу одлични возачи беа во тимот, еден е и Фернандо кој и сега вози, а јас ќе ја продолжам традицијата на Шпанците во Мекларен“, кажа Сајнц.

Сајнц моментално е на 11. позиција во шампионатот на Формула 1 и има 30 бодови.