Фудбал
Сака е вториот најмлад играч во историјата на Арсенал кој одигра 50 натпревари во Премиер лигата
Младото англиско крило Букајо Сака е вториот најмлад играч на Арсенал со 50 настапи во Премиер лигата.
На натпреварот од 27. коло против Барнли, Сака го забележа својот 50-ти настап во Премиер лигата на возраст од 19 години и 182 дена.
Интересно, Сака стана вториот најмлад играч во историјата на Арсенал, по Цеск Фабрегас, кој имаше 50 натпревари во Премиер лигата на возраст од 18 години и 236 дена.
Сака е еден од најталентираните играчи не само во Арсенал и Премиер лигата, туку и во целиот свет, и се очекува да има навистина богата кариера.