Connect with us

Други спортови

Сакам да ме паметат по победите, а не по големите цицки

Можеби се сеќавате на борачката Перл Гонзалез на која и беше забрането од страна на УФЦ организацијата да се натпреварува на една борба поради големите силикониските гради, но на крај успеа да влезе во октагонот.

Тоа се случи во 2017 година во Њујорк, кога во супер – лесна категорија ги одмери силите против Синтија Калвило. Имено, њујоршката комисија, грижејќи се за сигурноста на борачката, не и дозволуваше да влезе во октагонот поради големите гради. Сепак, ситуацијата беше решена по консултацијата со лекарскиот тим, па Гонзалез доби дозвола за настап.

  • Напорно работев, имам многу работи да покажам и сакам да бидам позната по борбите, а не по градите, истакна Перл.

Но, УФЦ организаторите сигурно нема да ја паметат по победите. Таа загуби на тој натпревар кој воедно и беше деби во октагонот, а истата година го претрпе и вториот пораз, па УФЦ ја исфрли, како што се вели во фудбалот, во втората лига. Станува збор за американската организација – Инвикт, која е под капата на УФЦ, а ги промовира женските борби на американско тло.

Гонзалез во оваа, втора по ранг, организација е една од најголмите ѕвезди. Таа има три победи во низа и чекор по чекор оди кон место за напад на титулата во супер – лесна категорија. Можеби по освоената титула во ова натпреварување, повторно ќе довие место во УФЦ. Инаку, таа има виолетов појас во џиу- џитсу.

Инаку, на социјалната мрежа „Инстаграм“ секој нејзин чекор го следат над 80.000 следбеници, а таа им возвраќа со провокативни фотографии од спалната соба.