Connect with us

Фудбал

Сакам да се врати Пеп Гвардиола

Лионел Меси го привлече вниманието на фудбалската јавност со изјавата дека пред да ја заврши својата богата кариера, сака уште еднаш да соработува со Пеп Гвардиола.

Аргентинскиот интернационалец е еден од најдобрите фудбалери во ерата на Гвардиола кој беше предводник на каталонскиот гигант Барселона од 2008 до 2012 година. Меси со Гвардиола освои две титули во Лигата на шампиони и три во Примера дивизион и две во Купот на Шпанија.

  • Ќе биде многу тешко, но би сакал повторно да соработувам со Гвардиола. Пеп е еден од најдобрите тренери во светот и поради таа причина сакам да се врати на “Ноу Камп”. Сепак, според мене, тоа е многу комплицирано, изјави 31-годишниот играч на Барса.

И покрај јавно искажаната “љубов” кон Гвардиола, Меси додаде дека е презадоволен од соработката со актуелниот тренер на Барса, Ернесто Валверде.

  • Оваа сезона повторно играме 4-3-3. Изминатата сезона игравме со четри играчи за врска и немаше многу место во нападот за постигнување на погодоци. Сега имаме поголем посед на топката и играме многу подобро. Во последниот период има напредок и кога е во прашање играта во дефанзивата, додаде Меси.