Connect with us

Други спортови

Сакав да бидам како „Докторот“, но…

Новиот пилот на Мекларен, Ландо Норис, откри дека одлучил да не ја избере 46. за свој број во Формула 1, бидејќи не сакал луѓето да сметаат дека го копира најтрофејниот Мото ГП возач во моментов, Италијанецот Валентино Роси.

На младиот Британец идол му е седумкратниот шампион во кралската класа, па затоа не сакал да го избере бројот „46” кој му припаѓа на Италијанецот, туку се одлучил за четворката.

  • Постои приказна во мојата глава за бројот четири. Не постои ниту еден број кој сум го користел во натпреварувањата. Своевремено ги имав броевите 31, 11, 33 и 46, но ниту еден не ми значеше премногу, освен 46. Се одлучив на бројот кој ми е најдобар на изглед. Го посакував бројот 46, но не сакав да копирам некого. Роси ми беше идол додека бев мал, нагласи Норис.

Бројот 46 во Формула 1 се користел само еднаш, кога Вил Стивенс возеше за Катерхем на трката за Големата награда на Абу Даби во 2014 година.
На Норис наредната сезона тимски колега ќе му биде Карлос Саинц, кој во британскиот тим пристигна од екипата на Рено. Новата сезона во Формула 1 шампионатот ќе стартува на 17 март со трката за Големата награда на Австралија.