Connect with us

Тајмаут

Салах донираше скоро половина милион долари за да го спаси родното село

Оваа сезона, Мохамед Салах ја израдувал јавноста со својата игра во дресот на Ливерпул, како и потезите кои овој Египќанец го прави надвор од теренот.

За кратко време Салах стана еден од најпопуларните ликови во Египет, но исто така и во целиот свет. Доволно е да се каже дека на претседателските избори во неговата земја имал над еден милион гласови и, се разбира, не бил кандидат. Покрај одличните игри, Салах исто така надвор од теренот покажа дека е човек за пример.

Египќанецот ја израдувал јавноста со својот нов потег, тој се обидел да го направи тајно, но тоа едноставно не било можно. Имено, Салах донирал речиси половина милион долари во селото во кое се родил за да го купи земјиштето, каде што ќе гради фабрика за прочистување на отпадните води.

Оваа фабрика ќе се користи за снабдување со вода во областите на Египет, каде што е потребно. Еден од професорите од селото каде што порасна Салах, рече дека едноставно не може да опише колку тоа би значело за нив.

“Не можам да ви опишам колку ќе ни значи тоа, она што тој го прави за нас и Египет не може да се објасни, јас плачам секој пат кога зборувам за тоа”. Тој се уште доаѓа во неговото село и не посетува кога има време. Тој за нас не е странец и некогаш нема да биде”, рече професорот од ова село.