Connect with us

Фудбал

Салах открил каква порака му испрати Рамос по натпреварот

Мохамед Салах го воодушеви фудбалскиот свет оваа сезона со својот дрес на Ливерпул со кој стигна до финалето на Лигата на шампионите.

Црвените во финалето во Киев беа совладани со 3-1 од Реал Мадрид, а Салах по повредата го напушти натпреварот во 30. минути. Египќанецот беше во дуел со Рамос, по што заврши на тревникот и не можеше да го продолжи натпреварот поради повреда на рамото.

Многумина го обвинуваат Рамос за намерно повредување на Салах. Рамос по натпреварот изјави дека тоа беше обичен дуел и испрати порака до Салах, дека ми е жал што се повреди на самиот крај на сезоната и почетокот на Светското првенство.

По две недели молк конечно се огласи и Салах, кој потврди дека Рамос му пратил порака, но дека никогаш не му рекол дека е во ред тоа што го сторил во финалето.

“Тоа беше најлошиот момент во мојата кариера. Точно е дека ми испрати порака дека ми посакува брзо закрепнување и ми објасни дека тој немал намера да ме повреди, но никогаш не му реков дека не е во ред тоа што го сторил. Кога паднав на земјата, чувствував голема болка и веднаш се грижив. Исто така, тоа беше бес и тага, затоа што нема да го играм остатокот од финалето на Лигата на шампионите. Тогаш наеднаш ми поминаа мисли низ главата дека може нема да играм на Светското првенство и тоа ме уништи. Сега сум подобро и се надевам дека ќе го играм првиот меч против Уругвај, но зависи од тоа како ќе се чувствувам “, рече Салах.