Connect with us

Фудбал

Салах демантираше дека ја напушти репрезентацијата: Нема расправија…

Не требаше долго да се чека за Мохамед Салах да се огласи откако светските медиуми објавија дека тој ја напушти репрезентацијата на Египет.

„Фараоните“ не стартуваа на Светското првенство онака како што очекуваа, а после неуспехот разочаран беше и Салах, кој наводно после конфликтот со раководството на Сојузот одлучил да го напушти националниот тим.

Наводно Салах не бил задоволен од атмосферата која владее во тимот, и дека нема да игра на наредниот натпревар против Саудиска Арабија, но набрзо сетот ова го демантираше одличниот фудбалер на Ливерпул.

„Сите во репрезентацијата на Египет сме заедно и апсолутно нема никаков конфликт помеѓу нас“, напиша Салах на својот Твитер профил.

Египет, после поразот од Уругвај и Русија остана без шанси за пласман во осмина финалето на Светското првенство.