Фудбал
Салах ги разгоре шпекулациите: Можеби ќе играм во Шпанија
Мухамед Салах, фудбалер на Ливерпул и еден од најдобрите на неговата позиција во моментов во светот ги разгоре шпекулациите за негово заминување. Веќе подолг временски период се шпекулира дека тој ќе замине од „Енфилд“, а сега со самата негова изјава уште повеќе долеа „масло на огнот“.
-Мојот однос со Клоп е нормален однос меѓу две личности. Така би го опишал тоа. Се надевам дека ќе играм уште многу години, па зошто да не заиграм и во Шпанија, никој не знае што носи иднината, па можеби еден ден ќе играм таму, вели Салах.