Connect with us

Фудбал

Салах: Голема победа, но ни донесе само три бода

Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах беше исклучително задоволен по победата над Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“.

Избраниците на Јирген Клоп славеа со убедливи 5:0 во најголемото дерби во Англија.

„Тоа е голема победа. Знаевме пред натпреварот дека нема да биде лесно ако не ја играме нашата игра“ , рече Салах.

„Бевме свесни дека ќе пробаат се и дека мораме да дадеме максимум. Се обидовме да се држиме до нашиот план, да создаваме шанси и за среќа постигнавме голови“.

Египќанецот беше херој на триумфот со три гола и асистенција.

„Се додека тимот победува, јас сум задоволен. Се трудам да бидам најдобро што можам, за да победиме. За првиот гол е заслужен Кеита“.

На прашањето за што зборуваа играчите на полувремето, кога веќе водеа со 4-0, Салах рече:

„На полувремето рековме да продолжиме да играме и да постигнуваме што повеќе голови.“

Ливерпул е втор на табелата со 21 бод, еден помалку од водечкиот Челзи.

„Знаеме што е потребно за да ја освоиме Премиер лигата, го направивме тоа пред две години. Ова е голема победа, но освоивме само три бода. Мора да победуваме на секој натпревар за повторно да бидеме шампиони“.