Connect with us

Фудбал

Салах со „астрономскиот“ трансфер се сели во Реал, милиони ќе добие и Рома

Мохамед Салах зад себе има една сензационална сезона, па очекува го привлече вниманието на најголемите европски клубови.

Според последните наводи на шпанските медиуми, Салах може да го напушти Ливерпул и да ги зајакне редовите на Реал Мадрид, се разбира, со „астрономски“ паричен надоместок.

Како што пишува „АС“ челниците на Реал Мадрид сакаат ова лето да донесат едно „бомбастично“ засилување, а тоа сигурно ќе биде фантастичниот Салах.

Се шпекулира дека Ливерпул сака најмалку 200 милиони евра за неговото брилијантно крило, а Реал, најверојатно, ќе се финансираат овој трансфер со парите од продажбата на Герет Бејл и Карим Бензема.

За да им дадат вредност на овие шпекулации, од „АС“ велат дека Ливерпул веќе е во потрага по замена за Салах, и дека првата цел на тимот од Енфилд е Набил Фекир од Лион за кои црвените се подготвени да платат околу 70 милиони евра.

Наводно, Рома би можеле да заработат огромна сума пари од евентуалниот трансфер на Мохамед Салах. Имено, се шпекулира дека за време на неговиот трансфер од Рома во Ливерпул, во договорот е вклучена и клаузула за постапка во наредниот трансфер иако официјална потврда за оваа информација нема.

Челзи (клубот од кој Салах дојде во Рим) заработи околу 3,5 милиони евра врз основа на оваа клаузула, кога Рома го Салах продал за 42 милиони евра на Ливерпул.