Connect with us

Фудбал

Сами Кедира одамна беше отпишан во Јувентус, но тој ја пронајде среќата од каде што започна се

Поранешниот германски репрезентативец Сами Кедира ќе го напушти Јувентус во јануари, а се уште не е познато каде ќе ја продолжи кариерата.

Кедира има уште шест месеци договор со Старата дама, но долго време не смета на него во Јувентус и тренерот Андреа Пирло му рече директно дека треба да бара нов тим.

Иако беше споменато дека играчот за врска може да оди во Премиер лигата со Карло Анчелоти во Евертон, сега се појави далеку пореална приказна.

Тутоспорт тврди дека Кедира ќе се врати во Штутгарт, од каде започна неговата импресивна кариера.

Штутгарт добро се снаоѓа во Бундеслигата по 13 кола, тој е на седмото место со четири бода помалку од клубовите кои се на позиции кои водат кон Европа.

Искуството на Кедира би значело многу за Штутгарт, а Германецот би добил доволно простор за игра.