Фудбал
Сами Кедира по 10 години се врати во Бундеслигата, денес потпиша договор
Триесет и тригодишниот германски играч за врска Сами Кедира се враќа во Бундеслигата.
Според „Кикер“, Кедира од саботата е во германскиот главен град Берлин, а светскиот шампион од 2014 година е подготвен да потпише за Херта.
Тој денес треба да направи лекарски преглед, а потоа да потпише договор. Дефанзивниот играч за врска ја напушти Бундеслигата во 2010 година, откако беше шампион со Штутгарт во 2007 година, и откако помина 10 години играјќи за великани како Реал Мадрид и Јувентус, тој ќе се врати дома.
Кедира не доби шанса оваа сезона со Андреа Пирле, тој беше отпишан и мораше да ја напушти Старата дама со која освои пет италијански титули и три Купови, а на 145 натпревари постигна 21 гол и 14 асистенции.